Во време на полицискиот час синоќа околу 20 часот, машко лице кое управувало возило „фолксваген“ на излегување од тетовската болница започнал да упатува навреди и закани кон полицајци застанати на пункт за контрола на улицата „29 ноевмри“, по што побегнал, соопштија денеска од СВР Тетово.
Од СВР Тетово велат дека потоа се утврдил идентитетот на човекот, од Брвеница, кој во текот на денот ќе бидет повикан во полициска станица Тетово.