Хроника 10. октомври 2018. / 12:16

Бошњаковски за притворот на Моника Ристеска: Законите мора да се почитуваат

Бошњаковски за притворот на Моника Ристеска: Законите мора да се почитуваат

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција соопшти дека одлуката за притвор од 30 дена за Моника Ристеска за Владата делува престрого во однос на стореното дело.

– Сакаме како Влада да укажеме дека мора да се почитуваат законските прописи и дека Македонија е држава која се темели на владеење на правото. Владата како за сите други прашања, така и за ова е отворена за дискусија со сите заинтересирани страни, рече Бошњаковски.