Синоќа пред полноќ „ауди“ излетало од регионалниот пат Неготино-Кавадарци, во кавадаречкото село Марена, при што едно лице е повредено.
„Се работи за патнички автомобил марка „ауди А3“ со неготински регистарски броеви и управуван од Р.Ч. (31) од Неготино, објасни Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Повреденото лице е пренесено во Клинички центар – Скопје.