Хроника 10. септември 2019. / 17:03

Автомобил излета од патот кај тетовско Боговиње, четворица повредени

Автомобил излета од патот кај тетовско Боговиње, четворица повредени

Автомобил излета од локалниот пат Раковец-Боговиње во тетовското село Боговиње, при што четири лица се повредени.

Според пријавеното, сопатниците А.Џ.(68) и Х.Р.(47) од Боговиње, како и малолетничка од Пирок се здобиле со тешки телесни повреди, а М.Р. со телесни повреди. Четирите повредени лица пренесени се во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош. Извршен е комплетен увид.