Хроника 13. ноември 2019. / 10:50

Автомобил излета од патот кај Прилеп – совозачот почина на лице место

Автомобил излета од патот кај Прилеп – совозачот почина на лице место

Седумдесет и едногодишен прилепчанец почина во сообраќајна несреќа вчера напладне на регионалниот пат Македонски Брод – Прилеп, околу еден километар после селото Ропотово.

Тој бил сопатник во возилото кое излетало од патот, а со кое управувал М.Т.(66) од Прилеп, информираат од МВР.

Возачот се здобил со телесни повреди и бил пренесен во Градската општа болница Прилеп за укажување на лекарска помош.