Хроника 20. февруари 2019. / 11:13

Автомобил излета од патот кај Хиподром – тешко повредена жена

Автомобил излета од патот кај Хиподром – тешко повредена жена

Синоќа околу 22.40 часот на локалниот пат Хиподром – Илинден К.М.(33) од Скопје, управувајќи патничко возило „пежо 306“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобила Т.И.(32), сопатничка во возилото, додека возачот се здобил со телесни повреди. Т.И. била пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.Авт