Автомобил што било предмет на потрага на Интерпол-Сарево бил откриен вчера на ГП Табановце, информира МВР.
Според полицијата, вчера во 18.30 часот на ГП Табановце, при контрола на автомобил „опел астра“ со босански национални ознаки, управувано од A.E.(47) од Босна и Херцеговина, било констатирано дека возилото е предмет на потрага на Интерпол Сараево.
Возилото било одземно, а возачот бил приведен и однесен во СВР Куманово за понатамошна постапка.