Хроника 12. септември 2018. / 11:04

Апсење на Табановце, лишен од слобода Албанец баран за трговија со луѓе

Апсење на Табановце, лишен од слобода Албанец баран за трговија со луѓе

Вчераутро околу 07 часот на Граничен премин Табановце, на излез од Р. Македонија, при извршена контрола било констатирано дека С.Б. (35) од Р. Албанија, со албанска патна исправа евидира во СТОП-Листа и истиот се бара за сторено кривично дело “Трговија со луѓе”.

Лицето е лишено од слобода и е предаден во СВР Куманово, за понатамошна постапка.