Апелацискиот суд во Скопје ја преиначил пресудата за сообраќајката кај „Млечниот ресторан“ во Скопје во октомври 2018 година и наместо условна казна одлучи виновникот да добие две години затвор и две години забрана за управување возило.
Информацијата на социјалните мрежи ја потврди сопругата на Гоце Димитриевски, Наташа, која во сообраќајката го загоби сопугот и нивното неродено дета. Таа пак, се здоби со тешка телесна повреда.
„Бескрајна благодарност до сите, правда за Гоце, правда за мене, правда за нас. Апелациониот суд Скопје ја преиначи казната за сообраќајната незгода кај Млечен и одлучил Васил да оди 2 години во затвор и 2 години да не управува пмв, затоа што ми го одзеде најмилото“, напиша Наташа.
Бескрајна благодарност до сите,#правдазаГоце#правдазаМене#правдазаНас ,
Апелациониот суд Скопје ја преиначи казната за сообраќајната незгода кај Млечен и одлучил Васил да оди 2 години во затвор и 2 години да не управува пмв, затоа што ми го одзеде најмилото 🤍🤍— Natasha Dimitrievska (@napostoloska) February 9, 2021
ИНформацијата претходно ја соопшти и министерот за правда Бојан Маричиќ, во гостувањето на ТВ24.
„Денес дознав дека Апелацискиот суд донел одлука со која ја преиначи одлуката за случајот ’Сообраќајката кај Млечен ресторан‘ и дал 2 години ефективен затвор и две години забрана за управување со моторно возило. Не знам дали е точно, ќе потврдат, информацијата ја добив од луѓе кои се информирани“, рече Маричиќ.
Инаку, пред пет месеци, судијката Елена Јосифовиќ досуди само условна казна за возачот на џипот кој поминувајќи преку двојна полна лента, го пресекол патот на моторот со кој се возеле Наташа и нејзиниот сопруг.
Јавноста бурно реагираше на ваквата пресуда, а моторџиите организираа и протест.