Хроника 01. август 2019. / 20:49

Албанија сеуште се тресе: Најсилниот земјотрес почувствуван и во Македонија

Албанија сеуште се тресе: Најсилниот земјотрес почувствуван и во Македонија

Многу потреси од вчера ја тресат Албанија, од кој најсилниот од 4,4 степени според Рихтер беше почувствуван и во Македонија со јачина од 4 и 3 степени.

Најсилниот земјотресот во 16 часот и 21 минути со локална Рихтерова магнитуда ML4.4, беше почувствуван од населението на нашата Република, особено во Охрид, Струга и Ресен со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Во Битола, Гевгелија и околината земјотресот беше почувствуван со интензитет од III степени.

И денеска тлото се тресе, регисттитани се повеќе потреси од 2 и 3 степени, а најсилниот од 3,7 степени.