Хроника 24. јуни 2020. / 14:07

800 евра казна за четири лица кои го прекршиле полицискиот час

800 евра казна за четири лица кои го прекршиле полицискиот час

Основното јавно обвинителство Велес до надлежен суд денеска поднесе предлози за издавање казнени налози за четири лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Парични казни во висина од 800 евра во денарска противвредност побара велешкото јавно обвинителство за четири лица, кои го прекршиле полицискиот час. Обвинителството му предложи на Судот да им изрече парични казни во висина од по 40 дневни глоби со износ од по 20 евра, односно по вкупно 800 евра во денарска противвредност.

Обвинетите во одделни кривично правни настани, го прекршиле полицискиот час, односно постапиле спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република  Македонија.