Дваесет и петгодишно момче од Кавадарци било пронајдено на улица избодено со нож. Според полицијата, вчера во 15 часот во Пoлициската станица Кавадарци, од Итна медицинска помош Кавадарци било пријавено дека на улицата „Тиквешко Востание“ бил пронајден Ј.М. (25) од Кавадарци со убодни рани од остар предмет.
Тој бил пренесен во Јавната здравствена установа Кавадарци каде му биле констатирани тешки телесни повреди и поради сериозноста на повредите бил префрлен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје. Повредите му биле нанесени од лицето Г.С. (38) од Кавадарци. Г.С. бил приведен во Полициската станица Кавадарци и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.