Ова зголемување најмногу се должи на плановите на Владата за зголемување на платите.
Во здравството, од јануари за 10% повисоки плати ќе добијат специјалистите, а во септември сите останати од овој сектор за 5 проценти. Од септември, зголемување од 5 проценти ќе добијат и вработените во образованието и градинките, како и сите вработени во администрацијата.
И покрај слабата реализација на капитални инвестиции годинава, владата за следната година останува оптимист. Предвидува околу 418 милиони евра, што е за 18 милиони повеќе од годинава. Најмногу, 180 милиони евра се предвидени за изградба на патишта, железници, гасоводен систем, водовод и канализација.
За следната година Владата планира и конечно воведување на зелената нафта за земјоделците која ќе биде во висина од 30 проценти од цената на горивото. Вкупните субвенции во земјоделството ќе изнесуваат 140 милиони евра или 11 проценти повеќе од годинава.
Инаку, Владата планира во буџетот да собере ќе собере нешто на 3,4 милијарди евра, а дефицитот ќе биде околу 290 милиони евра, што претставува 2,5 проценти од проектираниот БДП.