Економија 27. јули 2019. / 16:02

Заев: Иновативноста е моторот што ја движи економијата напред

Заев: Иновативноста е моторот што ја движи економијата напред

Северна Македонија има сериозен напредок од 25 места нагоре на Глобалниот иновациски индекс за 2019 година. Се наоѓаме на 59-то место, во однос на 84-то од минатата година, пишува премиерот Зоран Заев на својот профил.

Глобалниот иновациски индекс ги рангира светски економии преку политичката и бизнис клима, законодавството, човечкиот капитал, инфраструктурата, софистицираноста на пазарот и др.

Во однос на бизнис климата, Северна Македонија е рангирана на 27-мо место, а во однос на онлајн креативноста на 45-то место од вкупно 129 рангирани земји. Ова е уште еден доказ дека економските политики на Владата ги даваат резултатите, а иновативноста е моторот што ја движи економијата напред, додава Заев.