Економија 15. декември 2020. / 15:21

Започна исплатата на 6000 денари од четвртиот пакет мерки

Започна исплатата на 6000 денари од четвртиот пакет мерки

Исплатата на 6000 денари како четврт пакет на ковид мерките започна, рече Заев.

– Сакаме да водиме грижа да не се ствараат гужви пред банките, одлуката ја донесовме да ја исплатиме преку трансакциските сметки. Исплатите започнаа, државата ја прави исплатата према банките, а банките ќе ги префрлат парите до граѓаните, а ќе бидат опфатени пензионерите, пасивните баратели на работа, самохраните родители и други ранливи категории ќе добијат по 6000 денари, рече Заев.