Премиерот Зоран Заев преку Фејсбук ги праша Мицкоски и Сиљановска што имаат тие против компаниите за одгледување на канабис. Интересно е што неколку компании што огледуваат канабис за медициски цели, се токму на роднини на Зоран Заев.
А, фирмите коишто произведуваат медицински канабис, покрај тоа што помагаат на тешко болни лица, вработуваат и 300 граѓани низ целата држава, бројка која само ќе се зголемува.
Ја повикувам да погледне во смиреноста и спокојството кај само едно детенце кое се бори со епилепсија кога го прима лекот од масло од канабис. Да не зборувам за помошта кои овие лекарства ја даваат при справување со другите болести.
Се прашувам, што имаат Силјановска и Мицкоски против новите 26 илјади работни места во нашата земја, што имаат против инвестициите, против развојот на земјоделството и против растот на БДП? И конечно, што имаат против здравјето и против употребата на канабисот во медицински цели?, напиша Заев на Фејсбук
Премиерот Зоран Заев во неговиот Фејсбук статус не ги спомна компаниите на неговите блиски роднини кои добија лиценци да произведуваат канабис за медициски цели.