Економија 26. јануари 2019. / 12:20

Заев: Железни опинци ќе облечам ако треба, ама 500 евра плата во Македонија ќе има

Заев: Железни опинци ќе облечам ако треба, ама 500 евра плата во Македонија ќе има

Заев ветува 500 евра плата, со гаранција дека железни опинци ќе облече ако треба на трибината во Велес насловена како „Силна економија, шанса за сите!“

Ја зголемивме минималната плата, а таа отвори спирала на покачување на платите во Македонија. Со тоа, сега просечната плата е 24.548, а претходно беше 22,889. Дојдовме до просечна плата од 400 евра, ако треба железни опинци ќе облечам, ама 500 евра просечна плата во Македонија ќе има, ова го изјави премиерот Зоран Заев на трибината во Велес, насловена како „Силна економија, шанса за сите!“

Од денеска Владата на Република Македонија започнува со реализација на серија трибини со граѓаните и активности „Силна економија – шанса за сите“ преку кои во отворена дебата со граѓаните ќе се дискутираат економските остварувања и политики како и предизвиците и перспективите кои се отвораат за економски развој на земјата со членството во НАТО и започнувањето на преговори со ЕУ.