Економија 25. февруари 2021. / 13:06

Заев: Владата оваа година плати повеќе пари за откупот на грозјето преку субвенции

Заев: Владата оваа година плати повеќе пари за откупот на грозјето преку субвенции

Премиерот Заев,  давајќи дополнителен одговор на пратеничко прашање зборуваше за состојбите со откупот со грозјето.

– Владата оваа година плати повеќе пари за делот на откупот на грозјето преку политиките на субвенции. Исплатени се шест денари дополнително за грозје или производи од грозје и вински дестилат и два денари по килограм дополнително за винско грозје за откуп за оваа откупна сезона. Тоа значи дека ако сме платиле 30 милиони евра откупувачите имаат платено околу 20 милиони. Толку е силна поддршката на Владата годинава, заради тоа што навистина ефектите на погоденоста од ковид-кризата во делот на продажба на виното, пред се и наливното, но и флаширано, имаше за репрекусии да има потреба од ваква интервенција, истакна премиерот.

Тој додаде дека и тој мал број лозари кои не биле исплатени поради несоодветно пополнети податоци од винариите или од регистрираните откупувачи, се вклучени во петтиот пакет мерки.