Во предизборната кампања за изминатите предвремени парламентарни избори кои се одржаа на 15-ти јули, во дебатна емисија на предизборно соочување со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Зоран Заев изјави дека доколку повторно стане премиер ќе донесе пет нови инвестиции уште во првите денови од новиот мандат.
Веќе е формирано новото парламентарно мнозинство и е изгласана новата Влада на Република Македонија, избрани се новите министри, заменици министри и директори, но инвестициите се уште ги нема.
Дали Зоран Заев повторно ги залажува граѓаните и манипулира со нив исто како и во изминатите речиси четири години?!
Сега е повеќе од јасно дека Зоран Заев нема да има ниту странски инвестиции, ниту пак нови работни места за граѓаните на Македонија. Единствено нешто кое со сигурност ќе го оствари Зоран Заев се партиските вработувања кои веќе засилено ги остварува, отварајќи јавни конкурси за однапред вработени партиски војници.