Премиерот Зоран Заев истакна дека политиките на Владата даваат резултати со отворањето на новата фабрика на брендот „Тиамо“.
Заев на Фејсбук нагласи дека Македонија за две години станала лидер за искористеноста на европските ИПАРД фондови.
– Отворањето на новата фабрика на брендот „Тиамо“ е успешен пример за нашите политики кои даваат резултати. За само две години Република Северна Македонија стана лидер во искористеноста на европските ИПАРД фондови. Само за првиот јавен оглас од ИПАРД 2 објавен во 2017 година се склучени 947 договори, а над 860 договори веќе ги маат реализирано инвестициите. – напиша Заев.
Според него, овие приватни иницијативи се од големо значење, поради отворањето на нови работни места, со што младите се мотивираат да не ја напуштаат државата.
– Овие приватни иницијативи се од огромно значење и за локалните заедници, бидејќи отвораат нови работни места, претставуваат мотивација за нови инвестиции и охрабруваат многу млади луѓе да ја најдат својата егзистенција токму овде, за себе и своето семејство. – напиша тој.