Невработеноста во Северна Македонија е намалена од 31% во 2013 – на 17,8% во 2019 година, напиша на својот Фејсбук профил премиерот Зоран Заев.
Тој исто така се пофали дека изминативе 2 години реализирани се скоро 50.000 нови вработувања, доминантно во приватниот сектор.
-Тоа не се ново-иселени лица, туку тоа се вработени граѓани тука, во нашата земја. Создаваме #СилнаЕкономија, која што е шанса за сите – пишува Заев.