Економија 31. јануари 2021. / 09:12

Заев се фали дека блескаме, а 55.000 луѓе останаа на улица, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Заев се фали дека блескаме, а 55.000 луѓе останаа на улица, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Зоран Заев го злоупотребува буџетот за поткуп, наместо за помош на граѓаните и стопанството.

Од партијата велат дека пакетот на антикризни мерки завршил за купување гласови, а доказ дека мерките немале реален ефект се 55.000 работници на улица.

-Во времето на Заев во последната година, се случи втората најмасовна катастрофа во економијата, по транзицијата. 1,5 милијарди евра е зголемен јавниот долг, а економијата тоне. Граѓаните секој ден се се посиромашни. Половина милион граѓани живеат со по 2 евра на ден. Народот буквално нема за леб, а Заев се фали со некакви 1,2 милијарди евра помош која е исплатена, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Помошта на Заев е лага, велат од партијата, додавајќи дека доказ за тоа се и тутунарите, кои не можат да измолат за откуп на нивниот тутун, и десетици илјади семејства кои ќе останат гладни.

– Доколку Заев навистина исплатил 1,2 милијарди евра помош, немаше да имаме катастрофа на секој чекор, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.