Економија 31. јануари 2019. / 17:02

Заев: Попова Шапка да ја понудиме и да ја дадеме во вистински раце

Заев: Попова Шапка да ја понудиме и да ја дадеме во вистински раце

Премиерот Зоран Заев, на денешната собраниска дебата на пратенички прашања, најави дека ќе се инвестира во ски-центарот Попова Шапка, а тоа ќе се направи со привлекување на инвеститори од странство.

Ние како Влада создаваме физибилити студија за привлекување инвеститор. Треба Попова Шапка да ја понудиме и да ја дадеме во вистински раце. Ретки ни се приликите, а овој центар е посебен и верувам дека ќе предизвика внимание кај инвеститорите. Таму ние веќе брзаме со урбанизација, а туризмот на ова место станува се повеќе атрактивен, истакна Заев.