Премиерот Заев со владина и бизнис делегација е во посета на Словенија. Ни значи вашата поддршка, по 14 години како земја-кандидат заслужуваме да добиеме продолжување на процесот, а тоа е почетокот на преговорите со ЕУ, рече Заев.
Премиерот Зоран Заев, заедно со сопругата Зорица Заева, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерката задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска и бизнис делегација престојува во официјална дводневна посета на Република Словенија, во рамките на која оствари средби со бизнисмени и претставници на државниот врв на Словенија, а ќе присуствува и на Бизнис форумот во организација на Стопанските комори на Северна Македонија и Словенија.
Заев на заедничката прес-конференција со словенечкиот премиер Марјан Шарец, и се заблагодари на Словенија за ратификувањето на протоколот за НАТО. Тој ја замоли оваа држава за поодршка на интеграциите во Европската унија.
Унапредувањето на економските односи и повик до словенечките компании да инвестираат беше дел од говорот на премиерот.
– Вчера имавме среќа, да објавиме заедно со претставник на компанијата „ТАБ МАК“ нова инвестиција од 25 милиони евра, која што ќе отвори нови 100 работни места во Северна Македонија. Значи, еве, 400 милиони евра поминуваме, словенечките инвестиции во Северна Македонија. – кажа Заев.