Економија 31. октомври 2018. / 15:04

Заев: Очекуваме пораст на капиталните инвестиции до крајот на годината

Заев: Очекуваме пораст на капиталните инвестиции до крајот на годината

Очекуваме пораст на капиталните инвестиции до крајот на годината, изјави премиерот Зоран Заеев во Собранието како одговор на прашањата поставени од опозицискиот пратеник Владимир Ѓорчев.

-Најголем проблем е стопирањето на гасификацијата преку Водно. И најдовме решение. До крајот на година очекуваме да пораснат капиталните инвестиции- рече Заев.

Ѓорчев по ова дополнително го праша Заев зошто не прифаќа дуел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за прашања од економијата.