Економија 21. февруари 2021. / 13:45

Заев очекува деновиве да се решат административните пречки за исплата на субвенциите

Заев очекува деновиве да се решат административните пречки за исплата на субвенциите

Владата прави напори секогаш да излезе во пресрет на барањата на земјоделци, како што е случајот со оризопроизводителите, вели премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се исполнат барањата на кочанските оризопроизводители, кои најавија протести и блокада на патот Штип-Кочани за во вторник, 23 февруари.

-Запознаен сум со незадоволството на оризопроизводители. Знам дека со министерот за земјоделство, заменикот, државниот секретар, сите работат на решавање  на проблемот. Државата финансиски  е ликвидна и верувам дека навремено ќе се завршат сите постапките, за да може субвенциите навремено се исплатат. Заради тоа што наша тенденција е да ги пуштаме навремено и да им помогнат на граѓаните, тогаш кога им треба и верувам дека овие денови ќе се решат административните проблеми, коишто постојат, за да се исплатат субвенциите, вели Заев.

Порача земјоделците, како и оризопроизводителите да бидат стрпливи, бидејќи поради ковид мерките и здравствените протоколи дел од институциите работат  со преполовен број на вработени, но како што рече, верува дека деновиве ќе се изнајде решение и за овој проблем.