Премиерот Зоран Заев со пост на неговата официјална Фejсбук страна ја објави листата на компании, што ќе одгледуваат канабис во државата за медицински цели. Станува збор за 15 компании.
Оваа Влада издаде лиценци и на 15 компании со домашен и странски капитал кои одгледуваат канабис за медицински цели, со вкупна инвестиција од над 40 милиони евра и околу 300 нови вработувања. Станува збор за следниве компании и производства: Каба Хербал во Кочани, Оаза алкалоиди во Карбинци, Медицал 420 во Битола, 5 летерс во Ресен, Мам во Свети Николе, АЦПВ во Гостивар, Фарма Медика Канабис во Валандово, Ф&M 2017 во Гостивар, Фармаролли во Скопје, Греен лифе во Валандово, Канабис про во Струмица, Т.Х.Ц. Куалити гроуп во Росоман, Хелтх медикал солутионс во Гевгелија, Бул-Билдинг во Струмица и РСБ солутионс во Карбинци, напиша Заев.