Премиерот Зоран Заев, во гостувањето во дебатната емисија „Клик Плус„на тв21 на прашање поврзано со непотизмот во државата, за што опозициската партија на неколку наврати ги обвини, го отфрли обвинувањето за непотизам и вели дека тоа навидум изгледа така поради тоа што нема доволно кадар во Македонија, тој вели “ние мораме да направиме јасна дестинкција”.
–Ако е така тоа ќе го преземеме како дејствие, значи не е така. Ако некој ви кажува пратеничката од Струмица Катерина Кузмановска има вработено свое дете додека она била пратеник но тоа дете е лекар, на конкурс од 7 лекари двајца се кандидираа и едното беше тоа и двајцата ги примија. Ако имаше уште 5 ќе ги примеа и тие 5. Значи нема. Дали тоа дека тоа дете не треба да работи. Кажувам ние мора да направиме каде граѓаните се обесправени или каде имаат еднакво право и каде е тоа, ние мораме да направиме јасна дестинкција. Ако имало влијание и тоа точно сега го докажува антикорупциска, дали синот на пратеничка која што синот е вработен во ЕЛЕМ имала инструкции и влијанија и кој е при тоа обесправен, и ако се докаже тоа е завршена работа. Но таа не одлучувала за своето дете ниту па има докази дека влијаела.
Премиерот додаде дека работни места се отворени и во катастар но нема доволно кадар.
-Ние имаме потреба и во катастар и во самите јавни институции за геодети геометри кој што ни требаат. Немаме доволно кадар, работат, и се преокупирани со легализација, сите работат, приватно повеќе работат отколку во јавните институции, но нека утврдат органите, ако ограните тоа го утврдат јас верувам дека 100 проценти ќе ги послушаме ….