Економија 25. февруари 2021. / 13:01

Заев најави можно ново законско решение за стечајците: Владата и МТСП прават анализа

Заев најави можно ново законско решение за стечајците: Владата и МТСП прават анализа

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека Владата и Министерството за труд и социјална политика прават анализа за евентуално ново законско решение со кое би се опфатиле малата група стечајни работници, кои не ги исполнија условите за решавање на нивното прашање согласно условите од претходните законски решенија.

– Покрај тоа што македонскиот Парлемент неколкупати го промени законот за регулирање на правата на стечајците, конечен одговор е дека не застануваме тука, бидејќи една помала група наши граѓани останаа со нерешено прашање поради преодот државни во приватни претпријатија. Затоа заедно со МТСП подготвуваме дополнителни анализи за ново законско решение за да провериме дали има можности за олеснување на критериумите за да биде опфатена и таа мала бројка стечајни работници кои останаа изземени од досегашните решенија, рече Заев одговарајќи на пратеничко прашање.

Тој додаде дека со досегашните решенија биле опфатени 95 проценти од стечајните работници во државата.