Економија 28. јуни 2020. / 18:30

Заев најави изградба на 1.250 километри патишта

Заев најави изградба на 1.250 километри патишта

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, порача дека за една економија да се развива и расте, потребни се и сериозни инвестиции во инфраструктурата за подобро и поефикасно поврзување внатре и надвор.

Во новиот мандат градиме експресни патишта во должина од 300 километри и локални патишта во должина од 950 километри и продолжуваме со сериозни инвестиции во гасификација – најави Заев, во Штип, каде што беше презентирана Програма на Коалицијата „Можеме.

Заев најави инвестиции во патната инфраструктура за уште подобро да бидат поврзани граѓаните од целата држава.

Како што истакна Заев, Источниот регион е пример како може да се инвестира и развива.