Економија 22. ноември 2019. / 15:48

Заев најави додаток од 3.000 денари на плата за млади до 23 години

Заев најави додаток од 3.000 денари на плата за млади до 23 години

3000 денари додаток за сите млади кои работат во производство. Иднината на нашата држава е во човечкиот капитал.

Ова денеска го напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

– Младинскиот додаток во висина од 3.000 денари месечно ќе им се исплаќа на млади вработени лица до 23 години со завршено најмалку средно образование во дејностите на производството за да го зајакнеме нивниот стандард и да ја стимулираме атрактивноста на стручните занимања за кои на пазарот на трудот во нашата земја постои нагласен интерес, истакна премиерот Зоран Заев.

&nbsp