Економија 02. мај 2018. / 11:11

Заев на консултации со парламентарното мнозинство за реизбор на Богов за гувернер

Заев на консултации со парламентарното мнозинство за реизбор на Богов за гувернер

Премиерот Зоран Заев денеска ќе одржи координација со парламентарното мнозинство во врска со предлогот на претседателот Ѓорѓе Иванов за реизбор на Димитар Богов за гувернер на Народна банка.

Зоран Заев рече дека денеска ќе одржи координација дали истиот да биде прифатен.

Заев потврди дека ќе го консултира парламентарното мнозинство од што треба да произлезе и конечен став кој ќе и биде соопштен на јавноста.