Економија 28. јуни 2020. / 17:02

Заев може и повеќе и подобро: По ветените 500 евра, на овие избори нуди 34 илјади денари просечна плата

Заев може и повеќе и подобро: По ветените 500 евра, на овие избори нуди 34 илјади денари просечна плата

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на прес-конференцијата во Штип порача дека СДСМ до крајот на мандатот на новата влада ветува дека ќе ја зголеми минималната плата на 20.000 денари, а просечната ќе изнесува 34 илјади денари.

Заев најави дека пензиите ќе се зголемуваат согласно трошоците на живот, а најниските пензии ќе се зголемат за 21 отсто до 2024 година.

Според него, владата на СДСМ во новиот мандат ќе изгради експресни патишта во должина од 300 километри и локални патишта во должина од 950 километри и ќе продолжи со сериозни инвестиции во гасификација.