Премиерот Зоран Заев апелира младите да ја искористат владината поддршка и да се фокусираат на отворање сопствени бизниси наместо да чекаат и бараат вработувања во администрацијата каде платите со средно школо се 15.000 денари.
По потпишувањето на Договорот за Годишната програма за вработување, Заев потсети дека Оперативниот план за 2018 година е проектиран на 17 милиони евра и со него се таргетирани 16.259 невработени лица.
– Во прашање се 17 милиони евра пари на граѓаните наменети за многу сериозен фокус – трајно вработување на младите. Апелирам младите луѓе да ги искористат програмите, да се зафатат со претприемништво, да отворат сами бизниси. Да не бараат работа само во јавната администрација каде со средно школо платата е 15.000 денари, додека овде зборуваме за најмалку 18.000 денари, плата која е повеќе од 300 евра и стимулативна, рече Заев.
Освен кон младите, владините мерки за поддршка се насочени, додаде, и кон жените, како и кон лицата со посебни потреби.