Економија 31. март 2019. / 13:29

Заев: Македонија ќе почне да увезува работна сила

Заев: Македонија ќе почне да увезува работна сила

Мобилност на квалификуваната работна сила значи дека дел од квалификуваната работна сила од соседството овде да најде работа, тоа е дел од европската економска агенда за регионот, а тие дебати се отворени во Владата, изјави премиерот Зоран Заев при посетата на Пелагонискиот регион.

– Неопходно е итно преквалификување на работната сила за македонското и стопанството во Пелагонија, средена инфраструктура и слободен проток на работната сила во регионот- истакна Заев по средбата во Прилеп со стопанствениците од Прилепско-битолскиот регион.