Економија 12. јануари 2019. / 13:22

Заев: Ќе растат платите во Северна Македонија

Заев: Ќе растат платите во Северна Македонија

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција истакна дека и во 2019. ќе се зголеми минималната плата.

– Ја градиме Македонија, градиме инфраструктура, подобар живот, се покачува повторно минималната плата. Секое семејство ќе има плата плус, истакна Заев.

Додаде дека ќе има историски проекти за економијата и за сите инвеститори да ја препознаат можноста.

– Македонија ќе биде праведна земја со растечка економија, граѓаните да помогнат.