Економскиот совет на СДСМ работи и развива нов пакет мерки. Преземаме чекори во насока на стабилизација на економијата, а потоа и брзо враќање на растот и развојот на македонската економија, објави денеска на профилот на Фејсбук, лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Посочува дека Светска Банка вели дека нашата држава најлесно ќе ја преброди оваа криза споредбено со земјите од регионот, а тоа се должи на навремените и опсежни економски мерки. Додава и дека преку одговорните политики што ги биле спроведени во изминатите години создадени се економски услови, спремни да ја дочекаат глобалната криза.
-Во духот на солидарноста, социјалната еднаквост и праведност, грижа за секое работно место и секој работник, напиша Заев.