Економија 02. септември 2020. / 20:00

Заев и Битиќи се сретнаа со оштетени граѓани од „Еуростандард банка“

Заев и Битиќи се сретнаа со оштетени граѓани од „Еуростандард банка“

Премиерот Зоран Заев, придружуван од Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата за економски прашања, денеска се сретна со претставници на Иницијативниот одбор за формирање здружение на оштетени граѓани од „Еуростандард банка“.

На состанокот, како што соопшти владината прес-служба, се споделени некои од проблемите со коишто се соочуваат оштетените граѓани, физички и правни лица, по пропаѓањето на „Еуростандард банка“ и се слушнати предлозите од Иницијативниот одбор, за можни решенија.