Многу реакции стигнаа од компаниите во врска со помошта за плати и тие инсистираат таа да продолжи и во петтиот еконосмки пакет, потврди премиерот Зоран Заев.
Тој рече дека најавите за модифицирањето на помошта за плати е поради тоа што оваа година е година на рестарт на економијата и мерките се насочуваат кон зголемување на продуктивноста и конкурентноста на компаниите.
– Сакаме да димензионираме охрабрувачки мерки – за рестарт, за зголемување на продуктивноста. Но, поради рагирањата, помошта за плати веројатно ќе биде опциона –дел од компаниите ќе изберат да добијат директна помош, а дел да добијат бескаматни кредити со грантова компонента која ќе биде 10 проценти, 20 или 30 проценти, зависно од тоа колку ќе ја зголемат продуктивноста- рече Заев.