Економија 30. март 2019. / 12:21

Заев: Дискусијата за легализација на марихуаната е отворена!

Заев: Дискусијата за легализација на марихуаната е отворена!

Премиерот Зоран Заев смета дека идејата за легализација на марихуаната за рекреативни цели во туристичките центри како пример од надвор, ќе влијае на зголемување на туризмот. Но сепак предупредува дека во моментов државата не е подготвена за тоа, иако како што рече дискусијата е отворена.

-Јас се уште мислам дека не сме подготвени, но сакам да ви кажам до каде одат модерните трендови, дури и пушатaње во употреба во рекреативни цели на марихуаната само во туристичките места. Некои сметаат дека дури за пет пати ќе се зголемат побарувањата за издавање во туристичките места, изјави Заев за време на посетата на Охрид, додавајќи дека државата се уште нема вградени контролни механизми.

-Дискусијата е отворена. Ова во светот се прави , најмногу заради туризам, додаде Заев.