Економија 03. ноември 2018. / 15:35

За земјиштето од агрокомбинатот Џумајлија се склучија осум договори

За земјиштето од агрокомбинатот Џумајлија се склучија осум договори

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги потпиша договорите за огласите за државно земјоделско земјиште до и над 3 хектари во Светиниколскиот регион. За земјиштето од агрокомбинатот Џумајлија се склучија 8 договори за над 3 хектари, со вкупна површина од околу 714 хектари, седум од нив за едногодишни култури, а еден за оранжерии.

– Претходно земјиштето се објавувало како 4 географски целини, од кои што досега само за две географски целини се склучени договори. За прв пат, сега ова земјиште го поделивме во блокови, а целта е повеќе субјекти да дојдат до земјоделско земјиште и да склучат договори. За разлика од претходните огласи, кога имаше дополнителни услови во однос на предвидена инвестиција и со рокот за изведба на инвестицијата, сега во овој оглас не се предвидени дополнителни услуги, со што се релаксираат условите за учество – изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.