Зоран Заев губи контакт со реалноста. Наместо најавените 216 милиони како што беше најавено се задолжи за плус 80 милиони и со тоа во само еден ден го зголемија долгот на државата за скоро 300 милиони евра. Расипништвото на власта нема граници. Откако Заев е на власт заклучно со денес јавниот долг на државата е зголемен за вкупно 914 милиони евра. Од денес јавниот долг е фрапантни 5 милијарди и 700 милиони евра. Загрижувачки и недозволиво е јавниот долг за 31 месец да порасне за нови 914 милиони евра, а притоа нивото на капитални и инвестиции да е најниско во историјата на државата со 40% за цели 10 месеци од годинава или 36% доколку не направеа ребаланс, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Сите влади за 15 години од 2002 до 2017 година ја задолжиле државата за 3 милијарди евра, а Зоран Заев за само три години 914 милиони, односно безмалку 1 милијарда. На ова расипништво му доаѓа крајот. Република Македонија не може да издржи со вакво галопирачко темпо. По 12 април следува одговорно трошење на народните пари и домаќински однос со долгот, констатираат од ВМРО ДПМНЕ.