Економија 06. март 2019. / 13:14

За да добиете 500 евра поврат на ДДВ ќе треба да потрошите 18520 евра

За да добиете 500 евра поврат на ДДВ ќе треба да потрошите 18520 евра

Кога Владата на чело со премиерот Зоран Заев пред изборите ветуваше дека секое домаќинство ќе добие поврат на 15% од ДДВ-то, со што годишно ќе биле вратени до 500 евра, но доколку се пресмета, за едно домаќинство да добие 500 евра поврат, ќе треба да потроши 18.520 евра годишно.

Од први јули стартува најавената мерка со која граѓаните ќе добиваат поврат од 15 отсто од платениот данок на додадена вредност (ДДВ).

Според најавите, со оваа мерка годишно кај граѓаните би се вратиле меѓу 60 и 100 милиони евра.

Мала математика, покажува дека на секоја сметка од 1.000 денари, на која ДДВ е 18 %, повратот би бил цели 27 денари. На сметка од 10.000 – 270 денари или на потрошена цела просечна плата од 26.000, поврат би бил 702 денари.