Економија 11. декември 2020. / 14:22

Во Србија повторно влегува нова инвестиција, во Македонија наместо прилив има одлив на странски вложувања

Во Србија повторно влегува нова инвестиција, во Македонија наместо прилив има одлив на странски вложувања

Италијанската компанија „Техностилс Консалтинг“ купи два хектари земјиште во индустриската зона во Рума ( Србија) , а на почетокот на наредната година ќе почне изградбата на производствениот погон  . Компанијата ќе произведува резервни делов и машини за челична индустрија и ќе вработи 80 луѓе.  Инвестицијата во Рума е најавена да почне во септември, пишуваат српските медиуми.

Според изјавата на претседателот на општината, ова е најнова инвестиција во Рима , но не е единствена во овој момент.

Огромно ми е задоволството дека имеме добра бизнис клима за инвестирање , инвеститори има. За скоро време ќе имаме  слично вакво потпишување и со компанијата  „Health Care“, која ќе се проширува , скоро 20 илјади квадратни метри, што значи дека интересот на луѓето кои вложуваат во овој регион се зголемува„ изјави Слаѓан Манчиќ, претседател на општина Рума. 

За разлика од Србија во Македонија странските инвестиции се бројат на прсти.  Не само што не се реализираа ветувањата за влез на Гугл и Фејзбук, туку  власта раскина и договори на компании кои имаа договор за долготраен закуп на градежно земјиште во Бунарџик. Годинава странските директни инвестици годинава ќе бидат забавени на ниво од 1,6 отсто од БДП, а за догодина се очекува постепено стабилизрање на три отсто од БДП, односно враќање на преткризното ниво.