Економија

Во Штип обуки за жени претприемачи

Во Штип обуки за жени претприемачи

Жените претприемачки од штипскиот регион денеска се обучуваа како да работат на компјутер. Обуките се во рамките на проектот „We make“ женско претприемништво. Валентина Дисоска претсдател на Здружението на бизнис жени на РМ вели дека обуките ги реализира токму жена претприемач, која има сертифицирани програми.

– Многу често знаеме да кажеме „да“ јас знам да работам „ворд“ или „ексел“. Меѓутоа недостасуваат некои алатки кои што се длабоко потребни за развојот на бизнисот, со кој што ние се уште не сме се запознале и токму заради тоа се денешниве обуки, вели Дисоска.

Таа додава дека проектот е за јакнење на женското претприемништво преку конкурентност.

Викторија Милановска локален координатор на проектот вели дека целта е жените претпримачки преку неформалното образование да стекнат уште подобри вештини, за да можат полесно да го водат својот бизнис.

– Работиме и вложуваме навистина големи напори за да ја смениме сликата и да го донесеме женското претприемништво на ниво на кое што е потребно на националната и секако на локалната економија, вели Милановска.

Таа додава дека Штип има жени претприемачи кои водат големи компании, пред се во текстилниот сектор. Додека оние кои се уште се на самиот почеток вообичаено вложуваат во бизниси со помал обем, односно отвараат работилници за слатки, пекари или модни ателјеа.