Зоран Заев ги залажува фирмите, во период кога тој се задолжи за нови 1 милијарда евра во последната година, потценување е да се фали дека за развој на фирмите одвојува 17 милиони евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Зоран Заев нема ни намера да ги помогне фирмите. Тој отворено кажа дека ќе ги остават фирмите кои страдаат заради кризата да пропаднат. Се што прави Заев е шминка. Реалноста е дека 40.000 работници останаа без работа, и дека фирми се затвораат. Половина милион граѓани живеат со 130 денари на ден, народот буквално страда, обвинува партијата.
Оттаму велат дека наместо да се насочи на помош на граѓаните и фирмите Заев се обидува преку шминкерски мерки да каже дека нешто работи.
Со ваквите политики, Македонија само тапка во место и пропаѓа, а затоа е виновен Зоран Заев, обвини ВМРО-ДПМНЕ.