Економија 04. март 2021. / 15:16

ВМРО-ДПМНЕ за далоноводот: СДСМ се фали со нешто што не е ни почнато, а требаше да биде оддамна готово

ВМРО-ДПМНЕ за далоноводот: СДСМ се фали со нешто што не е ни почнато, а требаше да биде  оддамна готово

До каде спадна популизмот на Владата на Заев! Во недостаток на вистински, крупни и сериозни проекти, Бочварски, Заев и Рамадани се сликаат пред камери, држат говори како да кој знае се случило. Имено, се работи за почеток на обична реконструкција на постоечки 110 КВ далновод Штип – Свети Николе, реагираат од ВМРО ДПМНЕ.

Замислете да беше навистина нешто крупно и суштествено! Веројатно и жива музика ќе донесеа. Само за илустарција, АД МЕПСО во времето на владата на ВМРО-ДПМНЕ реконструираше вакви далноводи без никаква помпезност и најави, туку како дел од секојдневното работење. А, за волја на вистината, бидејќи оваа Влада не стори ништо за енергетиката, освен фалби, себепромовирање и зборот „ЌЕ“, ваквата обична реконструкција за нив навистина е нешто „големо“. И за да биде иронијата уште поголема оваа реконструкција требаше да биде готова уште пред 2 години. Но, тоа е типично за СДСМ: фалби, помпезност и преувеличување за нешто што не е ни почнато, а требаше да биде одамна завршено. И за крај од оваа реконструкција ќар ќе видат само тајкуните на СДСМ кои имаат концесија за изградба на ветерни централи, како што е ФЕЦ „ Богословец“. Ем, повластена тарифа за ветрениците, ем реконстриуран далновод, пари кои ќе се платат од џебот на македонските граѓаните, стои во соопштението на Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.