Економија 17. октомври 2020. / 08:45

ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ долгот надмина 60 проценти, прекршени се Мастришките критериуми

ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ долгот надмина 60 проценти, прекршени се Мастришките критериуми

Македонија со СДСМ и официјално ги прекрши Мастришките критериуми. Јавниот долг е 60.3% и земјата е влезена во категоријата на високо задолжени држави, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

СДСМ континуирано го зголемува јавниот долг, откако се на власт истиот порасна за скоро 2 милијарди евра. Додека само во последните 6 месеци истиот е пораснат за милијарда евра. Власта ја задолжува Македонија, а нема никаков план за развој. Со новиот ребаланс кој е во Собрание се гледа дека се крати од капитални инвестиции и проекти. Во овие тешки моменти нема ниту повеќе пари за здравството, ниту пак инвестиции, додаваат од партијата.

Оттаму сметаат дека СДСМ продолжува со буквална неработа.

Исто како што имаа цело лето време за инвестиции во нови болнички капацитети и не го направија тоа, па сега броиме уште колку слободни места имаме во болниците и до кога. Целиот хаос во кој се наоѓа државата здравствено – економски е директна последица на СДСМ и нивната неработа. 438 ново заболени вчера се уште еден доказ за тоа. Власта ниту има концепт ниту знае како. Македонија тоне со СДСМ, се наведува во партиското соопштение.

Сметаат дека Заев и Филипче потфрлија, а штетите од тоа се огромни и се бројат во човечки животи.