СДСМ потфрли на економско поле. Од ветените над половина милијарда евра за првите три пакети на економски мерки исплатиле едвај 1/3. На СДСМ полесно им беше да ги потрошат парите за поткуп, отколку да им помогнат на граѓаните и бизнисот, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Четвртиот пакет кој што сега го ветуваа, немаше да биде потребен, доколку домаќински ги реализираа досегашните три пакети. Парите наместо кај граѓаните и бизнисите завршија кај фирмите на Нина Ангеловска и Заеви“, велат од партијата.
Оттаму додаваат оти дополнително со мерките не се опфатени сите.
„Заев не ги опфати студентите, и не го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за ослободување од партиципација на сите студенти запишани на државните универзитети. Не се опфатени ниту учениците во основните и средните училишта.
Четвртиот пакет на мерки, уште еднаш покажа дека на Заев побитен му е дневниот ПР, отколку долгорочната добробит на граѓаните и бизнисот“, додава партијата.