Економија 29. декември 2019. / 20:30

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ свесно манипулира со пензионерите

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ свесно манипулира со пензионерите

СДСМ преку својата фабрика за лажни вести во пресрет на изборите се расфрла со лаги. Партијата која си заминува од власт во обид да го ублажи поразот свесно манипулира со пензионерите во Република Македонија. Најавеното покачувања е уште едно лажно предизборно ветување на Зоран Заев, а реалноста е дека СДСМ ги оштетува пензионерите и ги остава покуси за половина од парите за покачените пензии кои треба и им следува, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Криминалната власт веднаш откако дојде на власт им ги укина 5 проценти покачување на пензионерите кои ги добиваа во време на ВМРО-ДПМНЕ и сите други привилегии кои ги уживаа, а потоа намерно ја промени методологијата со која наместо да им покачи всушност им крати. Во услови кога трошоците за живот растат, Заев и СДСМ манипулираат со пензионерите и ги убедуваат дека траба да бидат задоволни со трошки, наместо со погача. За среќа на пензионерите, а и на сите македонски граѓани СДСМ и Заев си заминуваат од власт. После 12 април следува Обновата на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а тогаш пензионерите и граѓаните ќе ја добијат правдата и ќе си ги добијат парите кои СДСМ им ги крати, велат од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ